27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст од 7,5 проценти на индустриското производство во октомври

Раст од 7,5 проценти на индустриското производство во октомври

industrija 3405

Индустриското производство во периодот јануари ­ октомври годинава, во однос на овој период лани, е зголемено за 5,1 отсто. Во октомври годинава, споредено со октомрви минатата година, индустриското производство е со пораст од 7,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење камен“ во октомври годинава во однос на октомври минатата година, бележи опаѓање од 4,2 проценти, во „преработувачката индустрија“ пораст од 7,9 проценти, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ зголемување за 21,3 проценти.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, има пораст кај „енергија“ за 16,9 проценти, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 2 проценти, „капитални производи“ за 49 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 2,7 проценти. Опаѓање статистиката евидентира кај „трајни производи за широка потрошувачка за 19,6 проценти“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП