18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW Serieѕ 3 Plug-in Hybrid (фото)

BMW Serieѕ 3 Plug-in Hybrid (фото)

h plug

„BMW“ го претстави првиот прототип на „Serieѕ 3“ со хибриден погон, чии батерии можат да се дополнуваат со помош на кабел. 

По моделот „BMW Serieѕ 3 ActiveHybrid“, германскиот производител планира на купувачите да им понуди и „Plug-in“ верзија која ќе има значително поголема автономија на движење преку електричниот погон.

h plug1

Првиот прототип на овој е прикажан во склоп на манифестацијата „Денови на „BMW“ иновации 2014“.

Некои елементи на екстериерот се прекриени со маскирна фолија, со оглед дека хибридот го дели надворешниот дизајн со редизајнираната „Seriеѕ 3“ која се очекува на пазарот 2015-та година.

h plug2

Хибридниот погон се состои од четирицилиндарски 2.0-литарски турбо-бензинец, електромотор и литиум-јонска батерија.

„BMW“ тврди дека оваа конфигурација, според перформанси претставува еквивалент на шестцилиндарски мотор кој се вградува во актуелната „Seriеѕ 3“.

h plug3

Предвидено е во бројки, вкупната комбинирана моќ достигнува 245 ks (180 kW), a максималниот вртежен момент изнесува 400 Nm.

За преносот на моќта е употребен осумбрзински „Steptronic“ автоматски менувач.

h plug4

Компанијата соопшти дека просечната потрошувачка, може да се намали до 2 l/100 km, со CO2 емисија од 50 g/km.

Aко се вози исклучиво на електричен погон, овој „BMW“ може да премине до 35 km, со максимална брзина од 120 km/h, пред да се испразни батеријата.

h plug5

Литиум-јонската батерија е поставена под багажниот простор, па така багажникот и натаму е функционален.

Можно е да се избере еден од трите модули на возење – „COMFORT“, „SPORT“ или „ECO PRO“, во зависност од тоа дали возачот сака неговиот автомобил да биде помалку или повеќе економичен, односно дали му е потребна дополнителна моќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП