Француско-јапонската автомобилска-групација во ноември ја мина границата од 200.000 продадени електрични возила, освојувајќи 58 проценти од светскиот пазар на автомобили со нулта емисија на гасови.
Oд тоа, „Nissan“, кој на пазарот има два модели, „Leaf“ и „e-NV 200“, има испорачано околу 150.000 возила, додека останатите ги продаде „Renault“.
Oвој резултат е постигна за само четири години, со оглед дека првиот електричен автомобил на „Nissan“, моделот „Leaf“, се појави во продажба во 2010-та година.
„Renault-Nissan“ двојно ги зголемија испораките на електрични возила од јули 2013-та, кога групацијата соопшти дека продала 100.000 единици.
Најголемиот пазар на електрични возила произведени од јапонско-француската соработка е американскиот, а на второ место е Јапонија.
„Leaf“ останува најпродаваното електрично возило на светот.
Oвој модел заклучно со јануари 2014-та година е продаден во преку 100.000 примероци, а ако се има во предвид дека од сите електромобили од марките „Nissan“ и „Renault“, „Leaf“ убедливо е најбаран, може да се очекува дека и неговата продажба во текот на 2015-та година ќе достигне 200.000 единици.
Кога станува збор за електричните возила на брендот „Renault“, најзначајни пазари во Европа се во Франција, Германија и Велика Британија.
Велика Британија воедно е најразвиениот европски пазар во поглед на инфраструктурата за овој вид возила, со мрежа за брзо полнење која покрива 87 проценти од британските автопати.