10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во септември 21.278 денари

Просечната плата во септември 21.278 денари

prosecna-plataadrse4w4343

Просечната него плата во Македонија во септември годинава изнесувала 21.278 денари и бележи зголемување од еден отсто во однос на септември 2013 година, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена нето­плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација за 7,8 отсто, Градежништвото 7 проценти и Рударството и вадење на камен за 6,6 проценти.

Зголемување на просечната нето­плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство за 3,5 проценти, Преработувачка индустрија за 2,4 проценти и Градежништвото за 1,8 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември годинава просечната месечна бруто­плата по вработен изнесувала 31.169 денари.

Во септември 2014 година, 0,9 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП