26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook го купи Microsoft-Atlas

Facebook го купи Microsoft-Atlas

atlaas

„Facebook“ ја купи платформата на „Microsoft“- „Atlas“, која ви помага да поставите оглас на интернет страните и да го следите нејзиното влијание, што е важен дел од амбициозниот проект на оваа друштвена мрежа, вреден четири милијарди долари.

Иако се уште не се објавени детали за центата, претходно се шпекулираше дека би изнесувала околу 100 милиони долари.

„Microsoft“ го доби „Atlas“ како дел од 6.2 милијарди вредната купопродажба на „aQuantive“, кој сега го распродаваат на делови.

Во медиумите може да се прочитаат спротивни анализи во врска со тоа зошто „Facebook“ се одлучил за ваков чекор, дали сакаат да ја надоградат мрежата со огласувачи или да го подобрат внатрешниот бизнис.

Излегува дека и двете верзии се точни.

„Facebook“ има план да ги користи способностите на „Atlas“ за следење на податоците надовор од „Facebook“ и со тоа да ја проверат вредноста на рекламата кои моментално се наоѓаат на интернет страната, па со тоа и да ја зголемат цената за огласување.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП