30 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрвата европска Е-продавница почна да остварува профит

Првата европска Е-продавница почна да остварува профит

zalando-prva-e-prodavnica-evropska

Мултинационалната компанија „Zalando“ со седиште во Германија, специјализирана за трговија преку интернет, е на добар пат да го оствари првиот годишен профит, благодарение на одличните резултати во третиот, како и во вториот квартал од оваа година.

Приходите на првата е-продавница за облека и обувки во Европа пораснале во периодот јули-септември за 24 проценти во однос на истиот квартал минатата година, на 501 милион евра, по растот од 25 проценти во вториот квартал.

Во соопштението се додава дека компанијата за цела 2014 година очекува оперативен профит (EBIT) благо позитивен, со што ја зголеми својата претходна прогноза.

Zalando“ на берзата во Франкфурт котира од минатиот месец, и по периодот на стагнација во однос на почетната цена на акциите од 21,50 евра, профитираше со 3,3 проценти, по објавата на неговиот договор со американскипт GAP.

Истиот извор наведува дека „Zalando“, кој на пазарот дебитираше како продавач на облека преку интернет во 2008 година, сега нуди 1.500 брендови во 15 земји, меѓу кои е и Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП