18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвропска награда на НЛБ Нов пензиски фонд

Европска награда на НЛБ Нов пензиски фонд

nlb1-fond

Наградата „Најдобар пензиски фонд во Централна и Источна Европа за 2014 година” што ја доделува финансискиот магазин ИПЕ, ја доби НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје.

Магазинот ИПЕ од Лондон, при изборот на победникот, покрај остварените резултати, ги зема предвид и филозофијата, квалитетот, активниот пристап и иновативноста во управувањето со средствата, квалитетот на управувањето со ризиците, соодветниот систем на корпоративно управување, квалитетот на човечкиот капитал, како и мноштво други фактори кои говорат за позицијата на Друштвото во регионот.

Според Давор Вукадиновиќ, претседател на УО на НЛБ Нов пензиски фонд, наградата не е само огромно признане за нив туку и потврда за Македонија за успешно функционирање на целокупниот систем на капитално финансирано пензиско осигурување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП