Иако уште во септември ја достигна бројката од 300 милиони произведени мотоцикли, „Honda“ го чекаше почетокот на оваа недела и одбележувањето на 66-годишнината откако овој бренд произведува мотоцикли, со цел да го прослави тој голем успех.

Изгледа дека Јапонците добро го темпирале производството, затоа што 300-милионитиот примерок е произведен токму во Јапонија, во главната фабрика на „Hondа“ во Кумамото.
Првиот мотоцикл „Honda“ го произведе во 1949-та година. Тоа беше „Honda Dream Type-D“, a 66 години подоцна овој производител ја надмина бројката од 300 милиони произведени мотори.
Покрај тоа што „Honda“ произведува мотоцикли во 33 фабрики лоцирани во 22 различни земји, јубилејниот мотоцикл е произведен токму на домашно тло и тоа во фабриката која „Honda“ ја смета за главна. Славеничкиот мотоцикл е произведен во Кумамото и е моделот „Honda Gold Wing 40th Anniversary Edition“.