12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и Турција планираат тројно да ја зголемат трговската размена

Русија и Турција планираат тројно да ја зголемат трговската размена

Turkey_Russian_flaqs_120510

Русија и Турција имаат намера тројно да ја зголемат трговската размена и да ја доведат до 100 милијарди долари, изјави министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Танез Јилдиз.

Се трудиме со сите сили да го зголемиме прометот меѓу нашите земји од 33 на 100 милијарди долари, изјави тој по состанокот на руско-турските меѓувладини комисии.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак изјави дека Турција е еден од главните партнери на Русија. Во последните три години размената пресметана во рубљи е двојно зголемена.

Новак посебно укажа на развојот на билатералните односи во областа на испораката на земјоделските производи.

„За девет месеци обемот е зголемен за речиси шест пати во спордба со истот период минатата година“, изјави тој.

Турскиот извоз на земјоделски производи во Русија минатата година достигна 1,2 милијарди долари, а земјата е подготвена тоа во 2015-2016 година да го зголеми на три до четири милијарди долари годишно, изјави претседателот на Заедницата за извозници на Турција, Зекерија Мете.

Според него, трговската размена меѓу двете земји достигнува 33 милијарди долари, од кои 27 милијарди одат на испораката од Русија во Турција. Притоа, само во групата на прехрамбени производи, Турција купува руско жито за милијарда долари годишно (три милијарди тони), што одговара на вкупните испораки на храна од Турција во Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП