Астон Мартин најави дека ќе почне со производство на моделот „Rapide S“ во Велика Британија. Неодамна, владата на Велика Британија обезбеди инвестиција вредна 2 милиони евра, па така компанијата Астон Мартин ќе може да стартува со производство на овој модел за домашниот пазар.
Со овој чекор ќе се креираат нови дваесет работни места и ќе се заштитат други 70 во фабриките на компанијата во Гајдон и Ковентри. Сето тоа е дел од широкиот план кој има за цел да се сочуваат 16.000 високо обучени работници во Велика Британија. Овој план нема да и помогне само на компанијата Астон Мартин, туку и во истражувачкиот и развојниот сегмент во авионската индустрија.