15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТркалезна маса за дуалниот систем на образование против невработеноста кај младите лицe

Тркалезна маса за дуалниот систем на образование против невработеноста кај младите лицe

masa45

„Дуалниот систем на образование против невработеноста кај младите лица“ е наслова денешната тркалезна маса што ја организираат Германско-­македонското стопанско здружение во партнерство со Фондацијата Конрад Аденауер и Занаетчиската комора на Република Македонија.

Ќе се обратат Сандра Кољачкова од Фондацијата Конрад Аденауер, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој ќе направи приказ на моменталната состојба за реализација на практична обука во компании во Република Македонија, директорот на Германската стопанска комора во Македонија, Мартин Кнап кој ќе зборува за дуалниот образовен систем во Германија.

За законската регулатива и за проектите за практична едукација ќе зборува Оливија Тасиќ, директорка на Занаетчиската комора, а ќе бидат презентирани примери од две компании за нивните практики и едуцирања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП