15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБРД влегува со 50 милиони евра во мрежата на „Хипо“ на Балканот

ЕБРД влегува со 50 милиони евра во мрежата на „Хипо“ на Балканот

ebrd

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) денеска донесе одлука за преземење на дел од мрежата на банката „Хипо Алпе Адрија“ на Балканот.

ЕБРД ќе преземе 20 проценти во групацијата „Хипо“ во југоисточна Европа, а за тоа ќе одвои капитал во висина до 50 милиони евра, соопшти Банката по седницата на нејзиниот Управен одбор.

Главен акционер во мрежата ќе биде американскииот фонд „Адвент“, чии управни тела треба да донесат конечна одлука за тоа.

ЕБРД, која на почетокот на 90-те години на минатиот век ја основаа 42 држави со цел да се поттикне економски развој на европските постокомунистички земји, во овој момент поддржува проекти во дури 30 држави.

Според сопствената дефиниција, ЕБРД учествува само во проекти кои не би можеле да се реализираат со финасирање под комерцијални услови.

ЕБРД има сопствен капитал во висина од 30 милијарди евра и меѓу 1991 и 2011 година, инвестираше 71,1 милијарди евра во 3.374 проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП