18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНепроменета економската состојба на деловните субјекти

Непроменета економската состојба на деловните субјекти

ind proizvodstvo

Економската состојба на деловните субјекти во октомври 2014 година е непроменета во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на октомври 2013, оценуваат раководителите.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во октомври 2014 година е поповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, а очекувањата за бројот на вработените се на исто ниво како во претходниот месец.

Во октомври 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во октомври 2014 година се намалени во однос на септември 2014 година.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2014 година изнесува 61,8 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во октомври 2014 година имаат недоволната странска побарувачка со 22,8 проценти, недоволната домашна побарувачка со 19,4, недостигот на квалификувана работна сила со 15,9 и финансиските проблеми со 9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП