19 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКорејските гиганти очекуваат продажба од над 8 милиони возила

Корејските гиганти очекуваат продажба од над 8 милиони возила

kia hyundai111

Двата најголеми корејски производители на автомобили со заеднички сили можат 2014-та година да ја завршат со рекордни 8 милиони испорачани автомобили.

Hyundai Motor Group“, во чија сопственост се наоѓаат двете автомобилски марки, планираше во 2014-та да продаде 7,86 милиони возила.

Откако во првите десет месеци продажбата веќе достигна 6,55 милиони автомобили, се прогнозира дека на купувачите ширум светот би требало да бидат испорачани најмалку 8 милиони возила.

Продажниот резлутат кој е над планираното е забележан благодарејќи на големиот раст на продажбата во Бразил, Кина и Индија.

Продажбата во САД исто така порасна, и тоа за 4%, и достигна 1,1 милион единици заклучно со октомври. Растот на брендот „Hyundai“ изнесуваше за 1%, a на „Kiа“ зa 7%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП