1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопje создава речиси половина од македонскиот БДП

Скопje создава речиси половина од македонскиот БДП

Skopje-Macedonia_square27

Скопскиот регион со 42,8 проценти има најголемо учество во бруто­домашниот производ на Република Македонија, а Североисточниот со 5,5 отсто најмало.

Скопскиот регион остварува и за 44,8 проценти повисок бруто­домашен производ по жител од просечниот на републичко ниво, а по него следат Југоисточниот и Вардарскиот регион со повисок производ за 11,4, односно 4,2 отсто. Најмал бруто­домашен производ по жител има во Полошкиот регион и тој е за 52,6 отсто понизок од просечниот во Република Македонија.

Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за 2012-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП