24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропска недела на роботика

Европска недела на роботика

132394083

На Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ, денеска беа изложени роботи изработени од студенти на Факултетот, во рамките на одбележувањето на Европската недела на роботиката која почна завчера, а ќе трае до 30­ти ноември.

Целта на ФЕИТ, во вклучувањето на одбележување на европската недела на роботиката, според деканот Миле Станковски е да ги прикаже сопствените, но и достигнувањата на Република Македонија во оваа сфера.

Овој настан покажа дека имаме што да покажеме и има интерес тоа да се види. Затоа сме охрабрени и понатаму да продолжиме со нашата работа, вели Станковски.

Според националниот кординатор на Европската недела на роботиката, Васко Саздовски, вклучувањето на ФЕИТ и другите високообразовни институции, приватни компании и организации во настани како што е „Сретни ги роботите“ ја доближува роботиката и до сите други граѓани, хобисти и ентузијасти.

Во Република Македонија во изминативе години се забележува зголемен интерес за роботиката. Роботизацијата е растечки тренд ширум Европа и светот и може да кажеме дека го следиме трендот. Забележлив е зголемениот интерес кај студентите на електротехничките и информатичките факултети, учениците од средните технички училишта и воопшто, младите, објаснува Саздовски.

Потенцира дека ваквите настани ги мотивираат луѓето од сите возрасти да се запознаат со природните науки, технологијата, инженерството и математиката и притоа да развијат одговорен пристап кон употребата на роботите во општеството.

Настанот е организиран од Институтот за автоматика и системско инженерство при ФЕИТ, Центарот за нови студенти и студентите од Робомак во координација со националниот координатор на Европската недела на роботика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП