24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Грција 24­часовен штрајк на медиумите

Во Грција 24­часовен штрајк на медиумите

mediumi grcija 35

Грчките државни телевизии и радио станици не емитуваат денеска вести поради 24­часовниот штрајк на сите средства за масовни медиуми против политиките на Владата.

Телевизиските канали емитуваат само филмови, научно­фантастични и забавни програми, додека радио станиците само музика.

Атинската агенција АНА го прекина објавувањето вести од шест часот утрово и тоа ќе трае се до 18 часот по локално време. Не се обновуваат и Интернет страниците со вести.

Штрајкот на новинарите се организира еден ден пред генералниот штрајк во Грција против мерките за штедење.

Генералниот штрајк утре се очекува да ги блокира услугите во целата земја. Училиштата ќе останат затворени, државните болници ќе примаат само итни случаи, фериботите и авионите нема да се движат.

Новинарските синдикати вообичаено го одржуваат штрајкот еден ден порано, за да може репортерите да известуваат за генералниот штрајк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП