20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНезири: Немало реекспорт од Македонија во Русија

Незири: Немало реекспорт од Македонија во Русија

neziri foto

Целиот извоз од Македонија за Русија на земјоделски производи се состои од македонски производи, констатирала Владата на вчерашната седница.

Ова го истакна министерот за економија Беким Незири во одговор на прашање по доделувањето на наградите на бизнис натпреварот „Биди перспективен, започни свој бизнис“.

Тој посочи дека комисијата задолжена за испитување на обвинувањата од руска страна за реекспорт на европски земјоделски производи од Македонија во Русија вчера пред Владата го доставила извештајот според кој сите македонски компании извезувале само македонски земјоделски производи во Русија и воопшто не го прекршиле законот.

„Нашите заклучоци ќе ги доставиме до Руската Федерација за да се направи споредба со нивните и очекуваме во најскоро време овој случај да биде затворен“, рече министерот Незири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП