22 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBankia загуби 19 милијарди евра

Bankia загуби 19 милијарди евра

bankia2

Шпанската банка „Bankia“, која во декември доби помош од еврозоната, минатата година забележа загуба од 19 милијарди евра.

„Bankia“, која стана симбол за колапс на шпанскиот банкарски сектор, објави дека забележаната загуба е во склад со нејзините предвидувања, пренесува агенцијата Франс Прес.

„Bankia“ во мај минатата година е национализирана, а во декември доби помош од 18 милијарди евра од еврозоната, односно помош за неопходното реструктуирање.

Претседателот на банката Хозе Игнасио Гоириголзари изјави дека финансиската состојба во банката, и покрај загубата, е во согласност со целите.

Европската комисија одобри исплата на 18 милијарди евра за спас на „Bankia“, под услов таа да започне реструктуирање, да затвори одреден број на филијали и да укине неколку работни места. Банката најави дека ќе затвори една третина од постоечките филијали, а синдикатите најавија укинување на 4.500 работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП