7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХоландија повлече 122 тони златни резерви од САД во Амстердам

Холандија повлече 122 тони златни резерви од САД во Амстердам

zlato pracki

Холандската Централна банка неодамна од складираните златни резерви во САД повлече 122 тони злато, чија вредност според сегашните цени изнесува околу 5 милијарди долари.

Во соопштението на банката се наведува дека златните резерви во моментов се распоредени така што 31 процент од златото е во Амстердам, 31 процент во Њујорк, 20 проценти во Отава и 18 проценти во Лондон.

„Со ваквото прилагодување банка им се придружи на останатите централни банки кои чуваат поголем дел од златните резерви во сопствената земја. Освен избалансираната распределба, овој потег исто така може да придонесе и за зајакнување на довербата на јавноста“, се наведува во соопшението на банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП