10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧешка даночното затајување ја чини 4 милијарди евра

Чешка даночното затајување ја чини 4 милијарди евра

1457306290545289808ec28650471343_640x480

Поради даночното затајување и разните махинации Република Чешка губи околу четири милијарди евра.

Активната борба против организираните групи кои се занимаваат со даночни махинации ќе помогне во буџетот да се вратат барем 2,2 милијарди евра, изјави чешкиот министер за финансии, Андреј Бабис.

„Мислам дека државата во минатото не собирала данок како што треба, а ниту даночната ниту цариската управа не функционирале добро. Избегнувањето на даноците нанесува исто така штета и на економијата бидејќи во полоша ситуација се оние чесните претприемачи кои плаќаат даноци“, изјави Бабис.

Според оценката на министерот, државите не е во состојба целосно да го потиснат даночното затајување и разните махинации, но можат барем да ги намалат, а во Чешка постои потенцијал махинациите за затјување да се преполоват. Бабиш изјави дека во Чешка затаениот данок изнесува околу 22 проценти од вкупните даноци, додека во Финска и Холандија се движи околу пет проценти, а во Романија околу 44 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП