Патничкиот железнички сообраќај на релацијата Гевгелија-Солун-Гевгелија на 27 ноември ќе биде во прекин поради најавениот штрајк на членовите на Грчката федерација на железничарите.
МЖ Транспорт АД Скопје информира дека сите патници кои в четврток ќе патуваат од Скопје за Солун или од Солун за Скопје, ќе бидат превезени со автобуси на релацијата Гевгелија Солун Гевгелија.