ЕКОНОМИЈА

Повеќе од 40 компании им понудија работа на струмичани

132391780

Струмичани кои бараат работа денеска на Саемот за вработување имаа можност да контактираат со 40­тина компании и кај нив да остават мотивациско писмо.

Саемот го организира Агенцијата за вработување и тој според директорот Влатко Поповски е одлична можност за воспоставување на контакти меѓу невработените и работодавачите.

Ова е одлична можност за граѓаните на Струмица и нејзината околина да се запознаат со компаниите кои имаат потреба од работен кадар, од различни области. Дополнително, на наше огромно задоволство и на денешниот Саем се присутни дел од најголемите компании во Република Македонија. Караванот ќе продолжи и понатаму, а она што е значајно е фактот дека посетеноста е одлична. Тоа говори дека успеваме во намерата, да ги доближиме граѓаните од една и компаниите како баратели на работна сила од друга страна, изјави Поповски.

Саемот во Струмица е петтиот по ред по веќе одржаните во Скопје, Неготино, Штип и Охрид.

Преку овие саеми досега работа најдоа 160 лица. По саемот во Струмица, најавено е организирање на саем и во Битола.

Организирањето саеми за вработување започна пред 45 дена.