7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретставување на македонските инвестициски можности во САД и Канада

Претставување на македонските инвестициски можности во САД и Канада

invest-in-macedonia

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида, денеска престојува во Детроит каде што заедно со македонскиот економски промотор ќе имаат средби со американски компании од автомобилскиот сектор кои се во фаза на носење одлука за инвестирање во Македонија.

Средбите се со претставници на глобални компании кои веќе ја посетиле Македонија во изминатата година или одреден период  ја анализираат земјата како локација за производство.

По Детроит, Фида заминува за Торонто, каде што на 1 март ќе ги презентира потенцијалите за инвестирање во Македонија  на најголемиот економски форум  во Канада за можностите за инвестирање и развивање бизнис во Југоисточна Европа, соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП