6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW на „слатки маки“ поради големата побарувачка за моделот „i8“

BMW на „слатки маки“ поради големата побарувачка за моделот „i8“

i8 s

Германски „BMW“ ќе мора да го зголеми производството на нивниот хибриден спортски модел „i8“ со цел да одговори на големата побарувачка.

Моментално клиентите на својот скапоцен примерок на „i8“ oд 120.000 eвра, чекаат и по 18 месеци, соопштија од компанијата.

„Ќе мораме да најдеме начин да го зголемиме производството затоа што листите на чекање на одредени пазари се премногу долги“, објаснија од „BMW“.

Футуристичкиот „i8“ се произведува во фабриката на „BMW“ во Лајпциг, а продажбата во Европа стартуваше во јуни, кога се сметаше дека поради високата цена, на годишно ниво продажбата ќе изнесува неколку илјади.

Засега на клиентите им се испорачани 760 примероци од моделот „i8“, a само во октомври тој број изнесува 419.

Се проценува дека до крајот на финансиската година „BMW“ ќе изработи уште околу 3.000 единици, додека бројката за наредната година ќе порасне на околу 4.000 автомобили.

Од друга страна, листата на чекање на компактниот хечбек „i3“ е од прилика 3 до 4 месеци:

„Моментално испорачуваме околу 2.000 единици од „i3“ на месечно ниво“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП