25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески во Прага ќе ги презентира бизнис можностите на Македонија

Ставрески во Прага ќе ги презентира бизнис можностите на Македонија

stavreski409

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески од денеска е во работна посета на Чешката Република.

Во рамки на посетата, која се реализира на покана на чешкиот вицепремиер и министер за финансии Андреј Бабиш, вицепремиерот Ставрески ќе има билатерална средба со својот колега на која ќе се дискутира за соработката меѓу двете земји од областа на економијата и можноста за нејзино унапредување.

Ставрески, како што соопшти денеска Министерството за финансии, заедно со директорот на Агенцијата за странски инвестиции Климент Шеќеровски на бизнис форум ќе ги презентираат можностите за инвестирање во Република Македонија пред компании од областа на градежништвото, автомобилската, хемиската индустрија и од други сектори.

Бизнис форумот кој ќе се одржи денеска во Прага е во организација на Стопанската комора на Чешката Република.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП