18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку злато има Франција?

Колку злато има Франција?

gold1

Французите поседуваат 3.000 тони злато во облик на ковани пари или златни плочки, што претставува финансиска резерва вредна 90 милијарди евра.

Тоа се наведува во извештајот на француската агенција за проценка на злато и девизни резерви CPoR.

Злато поседуваат сите слоеви на француската популација, особено поскромните категории, како што се работниците или службениците, како плод на долгата традиција на наследување и дарување со злато, пренесува весникот Фигаро.

Осумдесет проценти од Французите златниот накит или пари ги добил во наследство или како подарок.

Во истражувањето се наведува дека 66 проценти од Французите, кои имаат во сопственост златен накит или пари, не се одлучуваат да го продадат поради големиот данок за неговата легализација, данокот на старо злато и накит изнесува 10,5 проценти, а за останатиот вид злато 6,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП