19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаграда од 17 милиони долари за информации за истрагата за несреќата на...

Награда од 17 милиони долари за информации за истрагата за несреќата на малезискиот авион во Украина

airplane

Германската детективска агенција „Вифка“ е подготвена да плати 17 милиони долари за податоци, што покажуваат мешање во истрагата на несреќата на малезискиот авион Боинг-777 во Украина, изјави Јозеф Реш, приватен детектив од компанијата, во интервју за германското издание „Капитал“.

„Вифка“ го разгледува инцидентот за свој клиент, чие име не се открива. – Клиентот преку посредник понуди повисока награда, изјави Реш.

Како и досега 30 милиони долари ќе бидат платени за информација за тоа кој стои зад несреќата и уште 17 милиони долари за доказ како во многу земји се прават обиди истрагата да биде пратена во погрешна линија или да се попречи.

– Бараме втор Едвард Сноуден, истакна детективот додавајќи дека сумата 17 милиони долари, одговара со бројот на летот на „Малезија ерлајнс“ МХ-17. Денеска истрагата е во фаза на преговори по недели на воспоставување контакти, главно преку посредници. Треба да бидеме многу претпазливи, нагласи Реш.

Според него приватните истражители веќе добиле над илјада пораки, десетици писма, стотици телефонски повици, но 99 проценти од тие податоци веднаш отпаѓаат и остануваат само петмина „интересни“ извори на информации.

Постои и силен прилив на добро смислени лажни сведочења, според едни виновни за падот се Украинците, според други Русите, а според трети сепаратистите.

– Постои интерес наместо вистината да ни бидат продадени лажни информации, истакна Реш, додавајќи дека самиот тој се уште не го познава клиентот.

„Вифка“ во септември понуди 30 милиони долари за податоци, што ќе помогнат за истрагата.

Наградата се наоѓа во банка во Цирих.

Авионот на летот МХ-17 од Амстердам за Куала Лумпур беше соборен над Источна Украина, најверојатно од ракета истрелана од зоната на судири меѓу сепаратистите и Киев.

Боингот-777 се урна на 17 јули со 298 лица во него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП