2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВлезот на Украина во ЕУ ќе чини 25 милијарди евра годишно

Влезот на Украина во ЕУ ќе чини 25 милијарди евра годишно

ukraina1

Влезот на Украина во Европската унија ќе ја чини Унијата 25 милијарди евра годишно, средства кои европската заедница ќе ги влева во економијата на новиот член, смета премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

„Треба да разјасниме кој ќе ги плаќа секоја година тие 25 милијарди евра кои ќе бидат неопходни за подршка на Украина. Додека тоа прашање не биде решено, не треба воопшто да се зборува за влезот на Украина во ЕУ“, изјави Орбан во интервјуто за германскиот весник Handelsblatt.

Во принцип, Орбан не е против пристапувањето на Украина во ЕУ, но како што укажа, земјата треба да биде политички и економски стабилна и да е во можност да ги контролира своите гранци“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП