24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаем за вработување во Струмица

Саем за вработување во Струмица

saemvrabotuvanjekjfrutg905skopje

Караванот за вработување во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска продолжува во Струмица, каде што ќе се претстават повеќе од 40 компании.

На саемот, како што е најавено, ќе се обрати директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, а излагања и презентации ќе имаат и дел од компаниите учеснички на саeмот.

Саемот е можност за воспоставување контакти меѓу работодавачите и лицата кои бараат работа и можност за засновање работен однос. Присутни ќе бидат голем број компании кои ќе презентираат каков вид на кадар им е потребен, а невработените ќе можат да добијат подетални информации за засновањето на работен однос. Исто така, во рамки на саемот ќе биде организиран и форум со работодавачи на кој тие ќе дадат свои предлози за новиот

Оперативен план за активни мерки за вработување кој ќе стартува од 2015 година. Ќе се организираат и мотивациски обуки за лицата кои бараат работа.

Саемот ќе се одржи во Домот на културата од 11 до 14 часот.

Организирањето саеми за вработување започна пред 45 дена. Досега вакви саеми се организирани во Скопје, Неготино, Штип и Охрид и преку нив се вработени 160 лица.

По саемот во Струмица, Владата најави дека ќе организира саем и во Битола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП