ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија преживеа седум сушни месеци

Германија преживеа седум сушни месеци

germanija-berlin

Деловната доверба во Германија најверојатно започна да се стабилизира, со оглед на тоа што индексот на деловната клима во ноември порасна за прв пат од месец април.

Според најновите податоци, индексот на деловната доверба во Германија, кој го пресметува економскиот институт ИФО, во ноември порасна на 104,7 поени од октомвриските 103,2 поени, пренесува агенцијата Франс прес.

„Забавувањето на германската економија засега е стопирано, проценките за актуелната деловна ситуација се малку поповолни од претходниот месец, додека очекувањата во поглед на работењето во наредните месеци исто така се подобрени“, изјави шефот на Ифо, Ханс Вернер Зин.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП