10 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТехничките бариери во рамки на ЦЕФТА демотивирачки за извозниците

Техничките бариери во рамки на ЦЕФТА демотивирачки за извозниците

kamioni8

Меѓусебното непризнавање на ветеринарните, фитосанитарните и другите видови сертификати неопходни за размена на земјоделско­ прехранбените производи и натаму е еден од клучните проблеми на земјите­членки на ЦЕФТА.

Како што беше речено денеска на прес­конференција во Стопанската комора, техничките, нетарифни бариери од ваков тип се повеќе ги демотивираат извозниците, а трговскиот биланс со години останува непроменет.

И по толку години од постоењето на ЦЕФТА, откако се искристализираа проблемите и голем дел од нив се решија, овој остана и тлее цело време, дури веќе премина во навика. Се одолговлекува увозот/извозот, стоката стои на граница, некогаш ќе помине, некогаш не.

Додека се утврди дали методата за анализа е добра, дали сертификатот ќе се признае или не, времето минува, рече Васко Ристовски од Комората, презентирајќи дел од заклучоците на работните групи преку ЦЕФТА­ДИХК проектот.

Цели три години, додаде, узвозот и извозот на земјоделските производи се на исто ниво.

„Извозниците се се подемотивирани особено во одредени гранки од секторот, извоз на масло за јадење, брашно, пекарски производи, минерална вода, млеко и млечни производи. Тука каде што сме силни во споредба со други земји, се и најголем дел од бариерите. За производи кои се дефицитарни за одредени пазари, пак, скоро и да немаме бариери“, истакна Ристовски.

На работните ЦЕФТА состаноци одржани деновиве во Скопје, освен дека е неопходно да се надминат актуелните пречки, се констатира и потребата од создавање полесен проток на стоки и услуги за да се олесни бизнисот, како и платформа за што помалку документи и поголема либерализација.

Треба да се смени и структурата на трговијата во регионот, повеќе да бидат застапени производите со зголемена додадена вредност. Моментно доминираат земјоделските производи, суровините и полупроизводите.

„И овој пат пораката беше да се стави акцент на либерализацијата на услугите, границите да не не разделуваат, туку да не поврзуваат, да се обезбеди учество и натамошна активна соработка со државните институции. Регинот мора што побрзо да создаде заеднички пазар за инвестиции, за јавни набавки, енергетски пазар и транспортна заедница“, посочи Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора.

Закучокот е дека ЦЕФТА бележи напредок, но неопходно е интензивно да продолжи исполнувањето на обврските од Договорот зашто тие ќе го претворат регионот во заеднички економнски простор на либерализирана трговија, услуги и инвестиции што, пак, ќе биде евалуација на подготвеноста за ЕУ интеграција. Воедно ќе влијае и на зајакнувањето на конкуренцијата во регионот, како и на привлекувањето странски инвестиции.

Според статистиката, во првите девет месеци годинава трговската размена на Македонија со земјите од ЦЕФТА е намалена за 4,3 отсто, извозот бележи пад од 8,6 проценти, а увозот е пораснат за 19,7 отсто. Извозот е околу 460 милиони долари, додека увозот 510 милиони долари. Покриеноста на увозот со извоз е 68,2 процента, а трговскиот дефицит е 1,724 милиони долари.

ЦЕФТА е вториот најважен трговски партнер на Македонија по земјите членки на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП