21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Suisse казнета со 1,8 милијарди долари за помагање на клиентите да...

Credit Suisse казнета со 1,8 милијарди долари за помагање на клиентите да ги избегнат даноците

credit-suisse

Американскиот суд во петокот од „Credit Suisse“ го прифати признавањето на вината за помагањето на богатите Американци во избегнувањето на плаќањето даноци и му наложи на швајцарскиот банкарски гигант да плати околу 1.8 милијарди долари парична казна.

„Credit Suisse“ се согласи да го плати наведениот износ во рамките на договорот вреден повеќе од 2,5 милијарди долари кој го постигна со неколку тела на државната управа, вклучувајќи го и американското Министерство за првда и Одделот за финансиски услуги на сојузната држава Њујорк.

Тој износ вклучува 1,14 милијарди долари казни и износ од речиси 667 милиони долари уплатени на интернета агенција за приходи.

Од „Credit Suisse“ уште во мај признаа дека им помагале на своите клиенти да ги измамат даночните власти во САД така што ги криеле средствата на непријавените банкарски сметки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП