19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија навистина е ветена земја

Швајцарија навистина е ветена земја

shvajcarijashvashva1hj

Во Швајцарија во третиот квартал продолжи растот на бројот на вработените и на крајот на септември нивниот број изнесуваше 4,22 милиони, објави Федералниот завод за статистика.

Во периодот јули-септември од тековната година, бројот на вработени во Швајцарија порасна за 0,7 проценти во однос на истиот период 2013 година, се прецизира во соопштението, наведува швајцарскиот весник „24 часа“.

Што се однесува на вработените со полно работно време, нивниот број е зголемен за 0,7 проценти и изнесува 3,568 милиони, наведува OFS.

Во секундарните активности, вработеноста е зголемена за 0,6 проценти (за шест илјади работни места) на годишно ниво, а во услужниот сектор за 0,8 проценти (23 илјади нови работни места).

Истовремено, бројот на слободни работни места е малку намален, 1,6 проценти, во споредба со третиот квартал од 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП