11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСБ: Климатските промени ќе ги преполоват приносите до 2050 година

СБ: Климатските промени ќе ги преполоват приносите до 2050 година

climate_pic

Климатските промени до 2050 година можат да ги преполоват приносите на земјоделските култури во Македонија, предупредува Светска банка во најновиот Извештај за влијанијата на килматските промени во Западен Балкан, Русија и Централна Азија што вчера беше објавен во Вашингтон.

Според извештајот, во делови од Западен Балкан и Централна Азија екстемно топло ќе биде во повеќе од 60 отсто од летните месеци, а овој процент може да се зголеми за 20 отсто доколку просечното затоплување порасне за 4 Целзиусови степени.

„Во Западен Балкан климатските промени ќе предизвикаат зголемен ризик за земјоделството, енергетиката и здравјето на луѓето. Просечното зголемување на температурата за два степена веќе има значајни влијанија, особено во Македонија каде што до 2050 година ќе предизвика 50­отстотно намалување на приносите кај пченката, пченицата, зеленчукот и грозјето“, се вели во извештајот на Светска банка.

Драматичните климатски промени и температурните екстреми, се истакнува, веќе загрозуваат милиони животи во светот, но ако продолжи затоплувањето на планетата топлотните бранови и останатите временски екстреми ќе станат „нормална клима“ и ќе го зголемат ризикот и нестабилноста. Тоа ќе предизвика намалување на водните ресурси и на приносите на житните култури, како и зголемување на нивото на морињата и загрозување на живелиштата на милони луѓе.

„Доколку продолжи затоплувањето на планетата ќе предизвика неповратни промени, особено во руските шуми каде до 2050 година ќе има зголемена емисија на јаглерод и метан за 20 до 30 отсто. Намалувањето на резервите на вода, пак, во некои места ќе предизвика зголемување на температурата за 4 степени, а топењето на глечерите во Централна Азиија ќе го промени циклусот на водите и ќе го зголеми ризикот од поројни дождови, се наведува во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП