24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилуанов: Можни загуби од 130 милијарди долари

Силуанов: Можни загуби од 130 милијарди долари

siluanov654687

Руската економија може да загуби најмалку 40 милијарди долари поради геополитичките санкции и меѓу 90 и 100 милијарди долари поради падот на цената на нафтата, изјави денес рускиот министер за финансии, Антон Силуанов.

„Ќе изгубиме најмалку 40 милијарди долари годишно поради санкции и меѓу 90 и 100 милијарди годишно поради падот на цената на нафтата за 30 проценти“, изјави тој.

Цените на нафтата забележаа остар пад во последните месеци, потсетува Тас.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека причината за намалување на цената на нафтата е зголемувањето на производството во Саудиска Арабија, Либија и Ирак, незаконска продажба по ниски цени која ја вршат припадниците на „Исламската држава“ (30 долари по барел) и намалувањето на потрошувачката поради економската криза.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП