
Македонија денеска ќе го преземе претседателствувањето со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) од Австрија.


Македонија денеска ќе го преземе претседателствувањето со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) од Австрија.
„Македонија го презема претседавањето од Австрија на ЦЕИ. Ќе имам излагање. Одлична можност за промоција, контакти и остварување на нашите цели. Ќе има настани и во Македонија во наредниот период“, изјави синоќа премиерот Никола Груевски.
Претседателот на Владата ќе учествува на 11.Виенски економски форум Виена самит 2014 „Визии и одговорности во време на промени“, на кој ќе има свое обраќање. На самитот најавено е учество и на други европски лидери.
Груевски најави дека во Виена ќе се сретне со претседателот на Европската банка за обнова и развој, како и со премиерите на Австрија, Чешка, Италија…