23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald's во обид да привлече повеќе нови потрошувачи

McDonald’s во обид да привлече повеќе нови потрошувачи

mcdonalds-13

„McDonald’s“ на разни начини се обидува да привлече нови потрошувачи, а еден од нив беше и планот да лансира „брокула со вкус на мастика за џвакање“.

За среќа, овој бизарен проект пропадна, а производот кој требаше да ги натера децата „да се хранат поздраво“ не пристигна во мениата во светот.

Познатиот ланец на ресторани за брза храна неодамна најави голем пресврт во своето работење, кој подразбира и поинаков однос кон потрошувачите и кон храната, а во некои земји одамна се лансирани производи кои не се вклопуваат со вообичаената слика за „McDonald’s“.

Како што пишува Бизнис инсајдер, еден од таквите беше и оброкот од брокула со вклус на мастика за џвакање.

„Тоа требаше менито да го направи повеќе хранливо, но вкусот навистина не беше добар“, открива извршниот директор на „McDonald’s“ Дон Томпсон.

Тој на една трибина изјави дека компанијата постојано работи на подобрување на понудата и подобра исхрана за децата, па тие веќе дизајнирале чаши за млеко и го намалиле пржењето.

„McDonald’s“ не ги охрабрува децата здраво да се хранат, туку им остава да преферираат калорични оброци“, се наведува во едно истражување во Ливерпул.

Меѓутоа, Томпсон вели дека „McDonald’s“ е ланецот ресторани кој продава најмногу салати во САД.

„Родителите би требало да влијаат на своите деца, не може да се очекува од еден ланец ресторани да прави работи кои вие не ги правите како родители“, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП