Третата генерација Alpine B3, заснована на најновиот модел на BMW од Серијата 3, ќе има премиера на саемот во Женева. Подобрениот модел ќе развива 422ks и максимална брзина од 306 km/h.
Германската тјунерска куќа се погрижи актуелниот модел од Серијата 3 да го претвори во спортски автомобил. За таа прилика за погонот е задолжен 3.0 литарски би-турбо мотор чии шестцилиндри ќе произведуваат 310 kW/422 ks, достапни во опсег од 5.500-7.000 o/min.
Максималнот вртежен момент на новата Alpine B3 изнесува 598 Nm, а осумбрзинскиот ZF автоматски менувач снагата ќе ја пренесува на задните тркала. Alpina планира подоцна на купувачите да им понуди и верзија со погон на сите четири тркала.
Alpina B3 моделот 0 do 100 km/h забрзува за 4.2 секунди, а максималната брзина што ја достигнува е 306 km/h.
Освен погонските подобрувања Alpina нуди и модификација на шасијата, како и разни стилски измени и додатоци на надворешниот и внатрешниот изглед на автомобилот.