24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПознати резултатите од анализите за наводниот реекспорт во Русија, најпрво ќе ги...

Познати резултатите од анализите за наводниот реекспорт во Русија, најпрво ќе ги разгледува Владата

ovoshje-i-zelenchuk

Комисијата што ја задолжи Владата да испита дали е точен сомнежот од руска страна за наводен реекспорт на европски овошје и зеленчук од Македонија, веќе ги има прелиминарните резултати, соопшти денеска министерот за економија Беким Незири.

Резултатите, како што рече Незири, најпрво ќе мора да се продискутираат на владина седница и дури потоа ќе бидат објавени и во јавност.

Одговорајќи на новинарско прашање, министерот потенцира дека на седницата на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА не станало збор за овој случај иако и БиХ и Црна Гора се обвинети од руска страна за реекспорт на земјоделски производи од ЕУ.

На ЦЕФТА состанокот не стана збор за ова бидејќи сите засегнати страни немаат конкретни резултати, напомена Незири.

Министерот истакна дека се чека Владата да ја закаже седицата на која ќе се продискутираат резултатите од анализите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП