25 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel го потврди производството на уште еден SUV модел

Opel го потврди производството на уште еден SUV модел

suv opel

За време на втората посета на Германија во 2014-та, извршната директорка на „General Motors“ (GM), Meри Бара, ги објави плановите за дополнителните инвестиции во компанијата „Opel“. Меѓу останатото, соопштено е дека „Opel“ во Германија до крајот на оваа деценија ќе започне со производство на нов „SUV“ модел.

„Овој „SUV“ модел, покрај „Insigniа“, ќе биде вториот топ модел на овој бренд“, изјави Бара.

Како што беше објавено во март 2014-та, во фабриката на „Opel“ во Ризелхајм ќе бидат инвестирани 245 милиони евра, со цел да се реализираат идните барања за производство.

Бара најави дополнителни инвестиции од повеќе од половина милијарда евра во фабриките за мотори и менувачи во Ризелхајм, Кајзерслаутерн и Тичиј (Полска), со што ќе се обезбеди поттик за „Opel“ со цел преминување на следната фаза на пазарната офанзива за штедливи агрегати и модерни менувачи.

„„Opel“ е од големо стратешко значење за „GM“, a овие вложување се јасен знак за посветеноста на „GM“ кон „Opel“, Германија и Европа“, констатираше директорката на „General Motors“.

Мери Бара во разговор со шефот на групацијата „Opel“, Карл-Томас Нојман, го изрази своето задоволство за новата „Corsа“, додавајќи дека се добиени 45.000 нарачки и пред официјалното лансирање на пазарот, што според нејзините зборови, тоа покажува дека петтата генерација на компакниот модел е на добар пат да стане бестселер на „Opel“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП