10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците се против воведувањето на дополнителни санкции за Русија

Германците се против воведувањето на дополнителни санкции за Русија

german-flag-on-the-reichstag

Германците се противат на воведувањето на дополнителни санкции за Русија поради кризата во Украина, покажуваат резултатите од анкетата која ја направи германската телевизиска станица ARD.

Според резултатите на анкетата, 43 проценти од испитаниците оценуваат дека веќе воведените санкции се доволни, а 27 проценти е за укинување на постоечките санкции.

Само 19 проценти од Германците ја подржуваат можноста ЕУ и САД да воведат дополнителни мерки.

Односите на Москва и Западот се влошени поради кризата во Украина и спојувањето на Крим со Русија.

САД и ЕУ на крајот на јули воведоа санкции за Русија, а Москва одговори со воведување на ембарго на увозот на прехрамбени производи од државите кои вовеле санкции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП