24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOвие земји McDonalds не успеа да ги покори!

Oвие земји McDonalds не успеа да ги покори!

mcdonalds svet

„MсDonalds“ владее со светот веќе со години и со тоа стана еден од најпопуларните и најраспространетите ланци на ресторани за брза храна во светот. Околу 35.000 ресторани се отворени во повеќе од 100 земји ширум планетата, што претставува вистинска инвазија на глобално ниво.

Меѓутоа, постојат држави во кои овие мали бургери и помфрит ги нема на пазарот, а причините се различни.

Ова се четирите држави кои немаат „MсDonalds“ ресторани:

Бермуди

mcdonalds svet1

Оваа островска земја имаше посебен законски акт со кој се забрануваше отворање на странски ресторани, но прохибицијата донесена во 1977-ма година не беше испочитувана со доаѓањето на американската војска на островот во 1995-та. Иако ресторанот беше отворен во воената база на Бермуди и беше наменет само за војниците, во него започнаа да јадат и локалните мештани.

Протестите и новите закони го спречија ширењето на компанијата во оваа земја и во 1999-та, кога повторно се обидоа да заземат свое место на оваа територија.

Боливија

mcdonalds svet2

Oваа латиноамериканска држава имаше некакви посебни закони и правила, како Бермуди, но нејзините жители правеа паметни потези, кога станува збор за храната. Тие беа убедени дека овие оброци се подготвени по случаен избор и дека состојките се многу евтини, што го расипува квалитетот на оваа храна.

Корпорацијата се обидуваше да ги придобие купувачите и со нивна помош да дојде до голем профит, но тоа не беше така. По 14 години, поточно во 2002-ра година, „MсDonalds“ за секогаш ја напушти оваа држава.

Исланд

mcdonalds svet5

Eкономската криза и тоталниот колапс е уште една од многуте причини поради кои „MсDonalds“ ги напушта некои од државите. Кога економијата и стопанството во оваа област го доживеа својот пад во 2009-та година, оваа компанија се соочи со колапс на својот потенцијален профит.

Покрај тоа што жителите ја намалија побарувачката и потрошувачката на сите видови храна, американскиот гигант имаше проблем и со оддалеченоста на Островот со остатокот од светот, поради што сообраќајот и испораките, како и цената на зеленчукот и месото, кои значително поскапеа.

Северна Кореја

3812669323_61aba8f6b5_o

Во оваа земја околу 6 милиони луѓе гладуваат. Додека беше жив Ким Јонг-Ил ја користеше државната авио-компанија да набадува лускузни добра и „MсDonalds“ хамбургери.

Поради меѓународните санкции и забраната за работа на странски компании во оваа земја, оваа компанија никогаш не успеа да влезе во Северна Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП