20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА ги казни Лацио и Фенербахче

УЕФА ги казни Лацио и Фенербахче

fener

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Лацио со две меѓународни средби без публика и плус 40.000 евра, затоа што нивните навивачи за време на натпреварот против Борусија Менхенгладбах извикувале расистички пароли и користеле пиротехнички средства.

Поради неспортско однесување на симпатизерите, УЕФА го казни и Фенербахче, па така турците ќе мораат да играат еден натпревар пред празен стадион и да платат казна од 60.000 евра. Но на Фенербахче им беше одредена и казна од две години условно исклучување од европските наптреварувања во кои ќе се квалификува.

УЕФА исто така соопшти дека екипите имаат три дена да поднесат жалба на овие одлуки, и доколку има тие ќе бидат разгледани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП