24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКој континент има најмногу милијардери?

Кој континент има најмногу милијардери?

I

Во Азија има најголем број на милијардери, а зад неа следат Северна Америка и Европа, покажуваат резултатите од студијата на кинескиот магазин “Хурун Рипорт“.

Во светот во јануари имало вкупно 1.453 богаташи чие богатство преминува една милијарда долари. Азија има 608 милијардери, Северна Америка 440, а Европа 324, се вели во соопштението.

Меѓу поединечните земји по бројот на милијардери доминираат Соединетите Американски Држави и Кина со 408 и 317 богаташи, а зад нив следат Русија, Германија и Индија.

Мексиканецот  Карлос Слим  (73) е “најбогатиот човек на планетата“ со богатство од 66 милијарди долари. Слим, исто така, се наоѓа и на врвот на листата на “Форбс“ за најбогати луѓе во светот за минатата година.

Американскиот инвеститор Ворен Бафет и Амансио Ортега од Шпанија, основач на брендот „Зара“, се вториот и третиот на листата на “Харун Рипорт“ со богатство од 58 и 55 милијарди долари.

Се проценува дека вкупното богатство на милијардерите е 5,5 илјади милијарди долари, отприлика колку што е вредноста на економијата на Јапонија за 2012 година.

Минатата година бил забележан скок на вредноста на богатството во приватниот сектор, се наведува во извештајот и се додава дека нето имотот на 10-те најбогати луѓе од листата пораснал за 22 отсто за една година, или 250 милиони долари дневно.

Недвижнините, телекомуникациите, медиумите, технологијата и малопродажбата се најчестите извори на богатство, се наведува во соопштението.

Руберт Хугверт, претседател и главен истражувач на „Харун Рипорт“, вели дека реалниот број на милијардери би можел да биде и три пати поголем бидејќи голем број супербогаташи го кријат своето богатство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП