19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖнидар: Словенија има иделна клима за влез на кинески инвестиции

Жнидар: Словенија има иделна клима за влез на кинески инвестиции

dejan znidar

Потпреседателот на словенечката Влада Дејан Жнидар ги повикал инвеститорите од Кина „храбро да вложуваат во Словенија“, во интерес на двете земји.

„Заедничката цел е да зајкне економската размена и да се стори се што е во наша моќ да ја направи разликата меѓу увозот и извозот што помала“, изјави Жидар во Љубљана на средба со потпретседателот на кинеската Влада, Ванг Јанг.

Жнидар нагласил дека Словенија, како членка на ЕУ, е соодветна точка за влез на кинески капитал во Европа.

Политичките односи меѓу двете земји Жнидар и Ванг ги оцениле како многу добри, што, според нив, е добра основа за зајканување на економската соработка.

Според словенечките податоци, стоковата размена меѓу Словенија и Кина е во пораст, при што увозот на кинеските производи е многу поголем од извозот на словенечи стоки во таа земја.

Со заменик­претседателот на кинеската Влада во досега најголемата делегација во Љубљана пристигнаа и 150 претприемачи, кои ќе учествуваат во заедничка бизнис конференција.

Покрај со Жнидар, кој воедно е и министер за земјоделство, шумарство и храна, Ванг Јанг се сретнал и со словенечкиот премиер Миро Церар, со претседателот Борут Пахор и со спикерот на Парламентот, Милан Брглез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП