21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИCommerzbank: Провизија на депозитите

Commerzbank: Провизија на депозитите

commerzbank3_18

Втората најголема германска банка, „Commerzbank“ на корпоративните клиенти и институционалните инвеститори кои чуваат големи депозити ќе започне да им наплатува провизија.

Од друга страна, одделни приватни клиенти и мали и средни претпријатија нема да бидат погодени со оваа мерка, порачаа од оваа банка, пренесува агенцијата Франс прес.

„Го задржуваме правото на одделни големи корпорации да им наплатиме провизија на положената ликвидност која е над одредените граници“, се наведува во соопштението на банката.

Ваквиот потег доаѓа по историската одлука на Европската централна банка од јуни оваа година, кога прв пат ја воведе негативната каматна стапка на депозититите, што практично значи дека некои деловни банки ќе и плаќаат надомест на ЕЦБ ако кај неа ги чуваат своите пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП