ПочетнаЕКОНОМИЈАСедница на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА

Седница на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА

cefta-012155252

Во рамки на Неделата на ЦЕФТА 2014 денеска во Скопје ќе се одржи седница на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА страните со која ќе претседава министерот за економија Беким Незири.

На седницата ќе бидат финализирани активностите што се однесуваат на претседателството на Република Македонија со ЦЕФТА во 2014 година.

Покрај тоа, ќе бидат усвоени бројни одлуки за основање на нови тела кои треба да работат на развивање адекватни мерки и цели за функционирање и одржливост на ЦЕФТА Договорот, кои ќе му помогнат на регионот да ги постигне целите од Стратегијата 2020, насочени кон конкурентноста, продуктивноста и економскиот раст.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП