4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраинската гривна девалвирала 100 проценти

Украинската гривна девалвирала 100 проценти

ukrajinska-grivna-jpg_660x330

Украинската гривна од почетокот на годината девалвирала 100 проценти, изјави претседателката на Народната банка на Укрaина Валерија Гонтарева.

Таа, како што пренесува Тас, изјави дека девалвацијата на гривната во моментов е 100 проценти и дека во последно време постои паника во бизнисот.

„По девалвацијата од 50 проценти, која беше во јули, успеавме да ја стабилизираме ситуацијата, но потоа започна војната“, потсети Гонтарева.

Таа додаде дека украинската Народна банка планира да поднесе до парламентот предлог-закон за заштита на правата на кредиторите.

Основната идеја е моментално кредитирање на економијата. Сега е потребно да се подготви правната рамка, за да се заштитат правата на кредиторите, изјави таа и додаде дека тој предлог закон наскоро ќе биде поднесен.

Во иднина очекува пооптимистични прогнози за курсот на гривната.

„Го поддржуваме флексибилниот курс и веруваме во него“, рече шефот на централната банка.

Според неа, украинскиот банкарски систем во целина одговара на меѓународното законодавство и сметководствените принципи.

„Имаме доволно силен банкарски сектор, кој е подготвен да и се приклучи на Европа“, укажа Гонтарева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП