4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија повторно изненади со растот

Британија повторно изненади со растот

velikabiranija1

Продажбата на мало во Велика Британија во октомври порасна над очекувањата, по септемврискиот благ пад.

Растот на продажбата на мало е резултат пред се на зголеменото купување на мебел, кое е стимулирано од зголемениот промет на недвижнините на почетокот на годината, се вели во соопштението на Заводот за статистика во Лондон.

Октомвриската продажба на мало во Велика Бтитанија пораснала за 0,8 проценти по падот од 0,4 проценти во септември, кој беше најлошиот месец според резултатите во малопродажбата од јануари оваа година, бидејќи метеролошките услови влијаеа на набавката на зимската гардероба.

На годишно ниво, растот на продажбата на мало во Обединетото Кралство во октомври пораснал за 4,3 проценти.

Аналитичарите очекуваа дека октомврискиот раст на продажбата на мало ќе порасне на месечно ниво за 0,3 проценти, а на годишно за 3,8 проценти.

Зголемувањето на домашната потрошувачка е главен двигател за британската економија, која бележи раст од половината на 2013 година, и покрај слабиот извоз поради економското забавување во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП